Топ 5 производители на паметни телефони: Промена на врвот?

Последните три месеци, во коишто се продаваат и најмногу телефони, донесоа промена на врвот. И искрено, мора да признаеме, ваква промена не очекувавме!

Во меѓувреме се зборуваше дека Huawei ќе пристигне на второто место, но и дека Apple опаѓа, кога – iPhone успеа да се пласира како најпродаван телефон во текот на последните три месеци! Вкупно не е, гледајќи ја годишната продажба, но во текот на последните три месеци, iPhone е со дури милион продадени парчиња пред својот најголем ривал – Samsung, за прв пат откако постои Galaxy – iPhone ривалството.

Apple во периодот октомври – декември, успеа да “зафати” 17.8 отсто од смартфон пазарот забележувајќи раст од 4.8 отсто, додека Samsung “запоседна” 17.7 отсто од пазарот, заблежувајќи пад од околу пет отсто во споредба со истиот период минатата година.

На тој начин, Apple е за прв пат во историјата на врвот на пирамидата помеѓу најпродаваните паметни телефони. Одличен пораст бележи и Huawei, приграбувајќи 10 отсто од уделот на светскиот пазар, држејќи точно 10.2 отсто од вкупниот смартфон маркет.

Погледнете како изгледаат топ 5 листите сега:



Топ 5 производители на телефони (за последното тромесечие):

● Apple, 17.8 отсто од пазарот
● Samsung, 17.7 отсто од пазарот
● Huawei, 10.2 отсто од пазарот
● OPPO, 6.7, отсто од пазарот
● Vivo, 5.8, отсто од пазарот
● Сите останати, 41.8 отсто од пазарот



Топ 5 производители на телефони во 2016-та година:

● Samsung, 20.8 отсто од пазарот
● Apple, 14.5 отсто од пазарот
● Huawei, 9.3 отсто од пазарот
● OPPO, 5.7 отсто од пазарот
● Vivо, 4.8 отсто од пазарот



Инаку, генералниот заклучок е дека испораките се опаднати за три отсто во текот на 2016-та година, на милијарда и пол единици, а и покрај тоа што ги држат двете водечки позиции, и Samsung, и Apple испорачале помал број на телефони за разлика од претходните години. Samsung за 10.3 милиони, а Apple за дури 16.1 милион помалку iPhone уреди.

Податоците се собрани и обработени од страна на компанијата Strategy Analytics.

No comments

Powered by Blogger.