Сириските цивили се најголема жртва: Над 400 лица загинале од турските бомбардирања, најголемиот дел се деца...



Седум згради кои што наводно милитантите ги користеле за криење, биле погодени во воздушните удари на турското воено воздухопловство.

Турската армија е пред крајот на операцијата за заземање на градот Ал Баб на северот на Сирија. Исламската држава даде жесток отпор, но во најголемиот дел истиот е задушен, соопштија од турските вооружени сили. Сепак, во операцијата на турската армија настрадале над 400 цивили, од кои што најголемиот дел биле деца, потврдија воени извори.

Најмалку 13 џихадисти на Исламската држава биле убиени во претходните 24 часа во рамките на турската воена операција наречена „Штитот на Еуфрат“. Покрај тоа, рамо до рамо со турските војници се борат и про-турските сириски милитанти.

„Операцијата за воспоставување на целосна контрола над градот Ал Баб се наближува кон крајот и отпорот на терористичката група Исламска држава во главно е скршен“, соопшти турската војска.


Околу 70 мети, меѓу кои што имало бројни складишта за муниција и криење на борците, биле погодени од таканаречената Слободна сириска армија (ФСА), се додава во соопштението, пренесува новинската агенција Анадолија.

Турската операција за заземање на Ал Баб е од голема важност за Анкара. Имено, турските власти имаат намера да создадат безбедносна зона долж турско-сириската граница, меѓутоа, како што пренесува Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, турската операција им го одзела животот на 400 недолжни цивили, од кои што најголемиот дел биле деца.


Само на 16-ти јануари во една операција на турското воено воздухопловство биле убиени 34 цивили, од кои дури 17 биле деца. Ноќта претходно, во гранатирање на градот биле убиени 25 цивили, од кои 11 биле деца, додека во ноќта која што следувала, одново биле убиени 10 цивили.

Од турската армија се огласија во врска со овој извештај на Сириската опсерваторија за човекови права и порачаа дека во нивните операции загинале исклучиво терористите.

No comments

Powered by Blogger.