Ги пронашле на Северниот пол 33 години по смртта, а покрај нив нешто непроценливо

Освојувањето на Северниот пол била вистинска опсесија за многу земји кон крајот на 19-от век. Повеќето мисии завршувале неуспешно, а една од најфасцинантните такви приказни им припаѓа на Швеѓаните.

За предводник на шведската мисија на Арктикот бил избран С.А. Андре, славен управувач со балон, кој Северниот пол се одлучил да го освои токму со тоа превозно средство.

Меѓутоа, имал еден проблем. Имено, никој не знаел како навистина да управува со балон и да го насочува. Еднаш кога балонот ќе се кренел во воздухот, како што пишува MentalFloss, бил препуштен на милоста на ветерот и временските прилики.

Токму поради тоа, Андре одлучил да направи балон кој ќе може да менува правец.



Пари добил од многу моќни Швеѓани, од Кралот Оскар Втори, до Алфред Нобел. Откако го конструирал балонот, Андре нашол уште двајца членови на експедицијата, инженерот Кнут Франкел и младиот фотограф Нилс Стриндберг.

Тројцата на пат тргнале на 11-ти јули 1897-та година, меѓутоа, кратко по полетувањето, откритието на Андре се покажало како нефункционално. Тој замислил дека балонот ќе се управува со помош на три јажиња кои ќе бидат во контакт со земјата или површината на водата, и ќе вртат благодарение на триењето помеѓу земјата и јажињата.



Веднаш по полетувањето - крах

Се покажало дека неговата проценка е целосно погрешна. Веднаш по полетувањето балонот поради јажињата почнал да понира. Екипажот повеќе немал контрола над балонот.

Балонот се кренал премногу брзо, со што се забрзало и трошењето на гасот. По само десетина часа лет балонот се спуштил над површината на арктичкиот мраз, а се урнал по 65 часа. Падот поради малата висина бил безопасен. Екипажот минал без никакви повреди, а ја спасиле и целата опрема која ја понеле со себе - оружје, шатори, санки, па дури и мал чамец.

Екипата се натоварила на санките, а секој детаљ од патувањето Стриндбегр го снимил со својата камера.

Проблемите кои постоеле во воздухот продолжиле и на копното. Членовите на експедицијата воопшто не биле подготвени за истата. Облеката не им била доволна топла, а намирниците не биле адекватни за ниски температури, па екипата се снаоѓала со убивање на мечки.

Проблем претставувале и санките, а за работите да бидат полоши, парчето мраз на кое се наоѓале, се движело бавно спротивно од насоката во која оделе.

Откако мразот почнал да се крши, пресретнале друг остров со надеж дека таму ќе успеат да презимат. Членовите на експедицијата последните доверливи записи ги оставиле токму тие денови. Никој со сигурност не можел да утврди како умреле. Експертите претпоставуваат дека станувало збор за расипана храна или болест.


Мистерија стара 33 години

Во исто време во Шведска за експедицијата не се знаело ништо. Нивната смрт останала мистерија наредните 33 години, кога нивните остатоци ги пронашла друга експедиција. Тоа било во 1930-тата година. Покрај остатоците од кампот и телата на луѓето, била пронајдена и камерата на Стриндберг.

Камерата всушност била вистинско богатство. И покрај сите очекувања, 93 од 240 фотографии биле спасени.

Телата на мажите биле дочекани во Шведска со бројни почести, а на улиците се собрале илјадници луѓе.

No comments

Powered by Blogger.