Вака изгледа отпор: Погледнете ја моќната фотографија од 300.000 Романци на антикорупциски демонстрации

Романската социјалдемократска влада на премиерот Сорин Гриндеану попуштила во неделата, по масовните протести кои оваа седмица се одржувале ширум земјата.

Гриндеану ја повлекол уредбата со која биле декриминализирани некои корупциски акции, односно уредба која барала заштита на корумпирани политичари. Според истата, корумпираните службеници би завршиле во затвор само ако станува збор за износи поголеми од 47.500 долари.

Демонстрантите вчера излегле на улица за да ја прослават оваа победа. Според проценките на романските медиуми, во цела Романија протестирале повеќе од 400.000 луѓе, а во главниот град околу 300.000.

На социјалните мрежи се шират импресивни фотографии од демонстрациите, а една од нив, направена на третиот ден од демонстрациите, привлекла огромно внимание.



Како изгледа источно европски отпор - погледнете во продолжение.



No comments

Powered by Blogger.