Ѝ го заплениле имотот на мафијата: Кланот на Камора останал без 20 милиони евра!


Италијанската полиција му го запленила имотот на мафијашкиот клан на Камора од Неапол, вреден 20 милиони евра.
Запленетиот имот на кланот Малардо вклучува 74 згради и голем број на парцели земјиште во Казерта, Неапол и Рим, две градежни фирми, агенција за недвижнини и 15 возила.



„Имотот запленет од шефовите на кланот Камора Малардо е вреден 20 милиони евра“, навела италијанската финансиска полиција во пораката на Твитер. Полицијата открила дека „криминалната холдинг компанија“, како што го нарекуваат мафијашкиот клан, „акумулирала огромно богатство“ со перење на незаконски добивки претежно преку градежниот сектор.



Полицијата вооември 2016 година уапсила неколку лица поврзани со кланот Малардо и запленила имот во вредност од 12 милиони евра. Истражувачите соопштиле дека кланот ги проширил своите активности надвор од „традиционалните“, како давање пари со камата и шверц на дрога во областа на дистрибуција на леб, млекари и супермаркети.



Според извештајот на државното одделение за истрага на мафијата (DIA,) кланот Малардо има клучна улога во криминалната рамнотежа на моќ во регионот

No comments

Powered by Blogger.