Оскаровците на купче: заеднички ручек на номинираните за Оскари 2017

Традиционалниот Оскаровски ручек на кој присуствуваа сите речиси сите номинирани за Оскар оваа година, се одржа во Беверли Хилтон хотелот во Лос Анџелес.

Номинираните ручаа и се дружеа заедно на помалку од 20 дена пред самата Оскаровска церемонија, а забележително отсутна беше Мерил Стрип која оваа година ја освои 20-та номинација за Оскар.



Исто така и режисерот Асгар Фахради не беше присутен на ручекот во Лос Анџелес, поради забраната за муслимани од селектирани држави во Блискиот Исток да патуваат во САД. На крајот сите номинирани позираа за заедничка фотографија.

Церемонијата за доделување на наградите Оскар ќе се одржи на 26-ти февруари во Лос Анџелес, а водител на настанот ќе биде Џими Кимел.





Погледнете.







No comments

Powered by Blogger.