Неверојатна реакција на руските ракетни системи: Симулација на напад на Москва од 20 ловци и бомбардери


Против-воздушните ракетни системи на руската армија биле ставени на највисоко ниво на подготвеност за време на вондредната проверка на подготвеноста на армијата.

Според руските медиуми, било утврдено дека рускиот главен град е една од најдобро заштитените локации во Русија од воздушен и нуклеарен напад. Во соопштението на руското министерство за одбрана стои:

„Единиците за против-воздушна одбрана одговорни за одбрана на главниот град Москва и централните индустриски региони, се ставени на највисок степен на борбена готовност“.

Вондредната проверка наредена од рускиот државен и воен врв вклучувала тестирање на батериите на против-ракетните системи од типот С-300, С-400 и Панцир-С. Единиците кои што биле задолжени за обезбедување на ракетните системи, исто така учествувале и во анти-саботажни маневри.



Покрај тоа, во рамките на вондредната проверка на Воздушно-вселенските сили на Русија, околу 20 ловци и бомбардери симулирале напад на рускиот главен град.

„Во воздух беа подигнати 20 авиони од различен тип, вклучувајќи ги ловците од типот Су-27 и МиГ-29, бомбардерите Су-34, школските бомбардери Јак-130, транспортните авиони од типот Ан-26 и Ан-12, како и хеликоптерите од типот Ми-8 и Ка-52 кои што за ПВО единиците беа контролни мети. Сите тие летаа од различни правци“, објаснија од Министерството за одбрана на Русија.

Покрај тоа, наведено е дека авионите од типот Ту-160 и Ту-23М летале со максимална брзина и на максимална оддалеченост од зоната на детекција.

No comments

Powered by Blogger.