Научник откри што ја штити Америка од колапс: Поседуваат тајно оружје со коден назив „Х-1Б"


Мичио Каку, еден од најпознатите физичари на денешницата и автор на бројни бестселери, го откри најмоќното оружје на Соединетите Американски Држави.

Мнгоумина го нарекуваат „човекот кој ја приближи науката до пошироката јавност“ - Мичио Каку за само неколку минути објасни што ја чува американската економија од колапс и повторно го привлече вниманието на целата светска јавност.

После неодамнешната одлука на новиот американски претседател Доналд Трамп да им го забрани влезот на муслиманите од седум држави во САД, во јавноста се крена голема прашина околу безбедноста на најмоќната држава на светот, а еве што изјави тогаш Мичио Каку за таквата одлука.

„Америка има тајно оружје. Тоа тајно оружје е „Х-1Б“ и без тоа оружје научниот естабилишмент на оваа земја ќе се сруши. Заборавете на Гугл, заборавете на Силиконската долина - ништо од ова нема да постои без „Х-1Б“. А знаете ли што е тоа? Тоа е визата за генијалците“, порача Мичио Каку.



„Морате да сфатите дека во Америка околу 50% од луѓето кои што имаат некаков докторат не се родени во Соединетите Американски Држави. На мојот Универзитет, еден од најголемите американски универзитетски центри, 100% од кандидатите за докторат се странски државјани“.

„Соединетите Американски Држави се магнет кој ги голта тие најголеми светски умови, но сега тие „мозоци“ се враќаат назад во своите земји. Се враќаат во Кина. Се враќаат во Индија. Е, тоа се случува благодарение на таквата политика. Ако пропадне „Х-1Б“, тогаш ќе се сруши целата американска економија“, порача Каку.

„Поради тоа, ние имаме Ахилова пета. Тоа е нашиот образовен систем. Предметите како социологијата нема да бидат тие кои што ќе одлучат за нашиот иден економски развој, за иднината на Силиконската долина. Иднината зависи од физичарите, инжинерите, а ние имаме потреба се повеќе од нив, потребни ни се повеќе, а не помалку“.

No comments

Powered by Blogger.