Џихадисти планирале страшен напад во Турција: Полицијата пронајде над 150 килограми експлозив


Во акција против терористичката организација Исламска држава во Газијантеп, на југоистокот на Турција, приведени се четири лица за кои што постои сомнение дека планирале да изведат терористички напади.

За време на претресот на турската полиција, меѓу другото, биле запленети 24 самоубиствени експлозивни елеци зајакнати со метални предмети и поврзани со експлозивен материјал со вкупна тежина од околу 150 килограми, потоа биле проднајдени и 14 килограми ТНТ, како оружје, детонатори и муниција.

Од канцеларијата на гувернерот на Газијантеп соопштија дека во полициската акција биле приведени четири лица, а за еден од приведените била распишана потерница поради „членство во терористичка организација“.



Акцијата е организирана после дојавата дека ќе биде изведен терористички напад во Турција кој бил нареден од одредени членови на Исламската држава кои што оперираат на територијата на Сирија.

Турција и натаму не мирува и живее во страв од бројните терористички напади кои што зачестија во последните две години. Покрај бројните терористички напади кои ги изведуваат џихадистите на Исламската држава, исто така одговорни за бројните напади се и припадниците на Работничката партија на Курдистан.



Аналитичарите веруваат дека евентуалниот нов напад во Турција би бил одмазда за воената акција на турската армија во Сирија, поточно во градот Ал Баб кој е последното големо упориште на Исламската држава во близина на Алепо.

No comments

Powered by Blogger.