Имав 15 секунди: Сè уште ниеден фотограф не успеал да направи вакви фотографии од Северна Кореја

Минатата година, фотографот од Лондон, Мичел Ханевич, отпатувал во една од најзатворените држави, Северна Кореја. Тој бил дел од мала група туристи, кои со двајца доделени водичи шетале низ престолнината Пјонгјанг.

Како што и се очекувало, патувањето не одело "како подмачкано". И покрај бројните ограничувања, забрани за фотографирање и самостојно шетање, Мичел одлучил да го понесе својот фотоапарат и да се обиде скришно да фотографира.

Водичот му кажал дека најверојатно ќе му биде наредено да ги избрише фотографиите, што ќе мора да го направи пред надлежните власти пред да ја напушти земјата, но Мичел решил да се обиде, и на крајот, можеме да кажеме, благодарение на чудо успеал да ја напушти државата со доста голема колекција фотографии.

Неверојатната серија фотографии ни дава увид во културата и народот кој е целосно отсечен од остатокот од светот.







Тој нагласил дека најмногу време минувале во "подобрите" делови на градот, а дека само минувале низ оние "помалку привлечните".







No comments

Powered by Blogger.