Селфито на Гага и Гвинет предизвика жестока дебата: Разликата помеѓу нив е 14 години, но која е постара?


Овие денови сите зборуваат за спектакуларниот настап на пејачката Лејди Гага на овогодинешниот Супер Боул, но и нејзиниот изглед исто така е тема на многу дебати. Една од нив се одвива на Инстаграм профилот на актерката Гвинет Палтроу која објави селфи со пејачката и предизвика лавина од коментари на оваа социјална мрежа.
„Не ја препознав Гага додека не прочитав под фотографијата за кого станува збор. Изгледа многу постаро во однос на Гвинет“, „Неверојатно е колку Гвинет изгледа помладо од Лејди Гага“, „Новото лице на Гага (бидејќи е очигледно дека отишла под нож) се` уште изгледа псотаро од Гвинет“, „Гага има 30, а Гвинет 44 години и изгледа многу постаро од неа. Нема ништо подобро од природната убавина“, се само некои од многуте коментари на следбениците кои се шокирани од изгледот на пејачката.

Холивудската актерка често на Инстаграм објавува фотографии на кои нема ниту трошка шминка. Така направи и на нејзиниот 44-ти роденден, кога напиша дека „го прифаќа своето минато и иднина“ и од фановите доби многу позитивни коментари.



Од друга страна, Лејди Гага која има само 30 години, доби многу критики на сметка на својот изглед. Следбениците на Инстаграм истакнуваат дека претерала со естетски корекции и дека со толку драматична шминка изгледа барем една деценија постаро.



Што мислите вие, која од нив изгледа подобро за своите години? Лејди Гага или Гвинет Палтроу
?

No comments

Powered by Blogger.