Нова љубов во Холивуд: Тој е постар од неа 14 години и никогаш не би ги поврзале!

Холивуд добил нов љубовен пар – станува збор за возачот на Формула 1 Луис Хамилтон и ќерката на пејачот Лајонел Ричи, Софија. Ги делат 14 години разлика.

Дека тие двајца се во врска откриле нивните чести заеднички појавувања во јавноста во последно време, од вечери до прошетки на Беверли Хилс.


Возачот на Формула 1 има 32 години, а ќерката на Лајонел Ричи има само 18 години.



Тој зад себе ја има врската со пејачката Никол Шерзингер со која се забавуваше неколку години, која засега е неговата најсериозна романса и која е двојно постара од Софија Ричи.


Од друга страна, симпатичната Софија имаше кратка врска со пејачот Џастин Бибер поради која ѝ стана позната на јавноста.


Врската помеѓу Луис Хамилтон и познатата наследничка е големо изненадување. И веднаш, големата разлика во години помеѓу нив се најде во прв план.





No comments

Powered by Blogger.