12-годишно девојче станало милионерка: Од стариот рецепт на нејзината баба направила светски бизнис!


Откако ја освоила првата награда и 60 илјади долари во хит емисијата посветена токму на промоцијата на нови производи, лимонадата на малата Микаела се наоѓа на полиците на 55 продавници на органска храна.

Микаела Улмер има само 12 години, но е милионерка и знае сè за бизнисот со пчели!

Исто така, таа е и оратор, филантроп и сопственичка на фирмата "Me & The Bees" (Јас и пчелите), која произведува лимонада.

Станува збор за пијалок кој Микаела го развила од рецептот на нејзината баба кој датира од 1940 година, а од него направила национален бизнис.



Откако ја освоила првата награда и 60 илјади долари во хит емисијата посветена токму на промоцијата на нови производи, лимонадата на малата Микаела се наоѓа на полиците на 55 продавници на познатиот синџир Whole Food, кој се занимава со продажба на органски производи.

„Работам откако ќе завршам со часовите на училиште и откако ќе ја завршам домашната работа, а за време на викендите и распустите целосно сум посветена на бизнисот“, рекла малата Микаела за Nbcnews.

Сè започнало кога Микаела имала четири години, кога во текот на една недела два пати ја каснала пчела. „Беше навистина болно. Многу почнав да се плашам од пчели“, се присетила Микаела во интервјуто за NBCBLK.



За да ја расположи, нејзината мајка Деандра ја убедила да направат мало истражување на интернет и тогаш наишле на податокот дека пчелите можеби ќе изумрат во наредните години.

Иако каснувањата биле болни, на Микаела ѝ било жал за вредните инсекти, па одлучила да почне да прави лимонада со мед наместо со шеќер и вештачки засладувачи. Во разговорот со нејзината мајка сфатила дека тоа е поздрав избор за луѓето, а воедно и пчелите ќе се спасат од изумирање.

Освен тоа што е вредна, ова девојче има и многу добро срце. Таа донира еден дел од своите приходи на локални организации кои се залагаат за зачувување на пчелите.



„Минатата година пчеларите изгубиле дури 40 отсто од своите кошници. Пчелите изумираат. Ако целосно исчезнат, на луѓето ќе им останат само четири години живот“, предупредила Микаела.

Младата претприемничка денес патува и држи работилници на кои ги едуцира луѓето како да ги зачуваат пчелите.

„Импресионирана сум од тоа како успева да ги заврши училишните обврски кога патува толку многу. Има дарба за јавен говор, но она на кое сум најмногу горда не е само тоа што е паметна, туку и тоа што е добра личност и што е љубезна кон луѓето. Тоа е поважно од бизнисот“, рекла гордата мајка Деандра.



Микаела моментално се занимава со пронаоѓање на нови вкусови за својата лимонада, за да ги подобри производите и продажбата, а во јуни ќе отпатува во Африка за да ги едуцира девојчињата на нејзина возраст за претприемништвото.

Минатата година таа го запознала поранешниот американски претседател Обама, кога била гостинка во Белата куќа на традиционалната детска вечера.

No comments

Powered by Blogger.