Американските власти веќе 12 години знаат дека браната пука, и ја премолчуваат катастрофата!


Повеќе од 10 години американските власти се запознаени со можната катастрофа и оштетувањето на главниот преливник на калифорниската брана "Оровил", а за тоа молчеле.

Поради огромната пукнатина на преливникот на браната во близина на градот Оровил во Северна Калифорнија, итно биле евакуирани 200.000 луѓе, бидејќи браната би можела да попушти од силниот притисок на водата која се собрала со обилните врнежи од дожд.


Тоа што локалното население сигурно ќе го разбесни е фактот што властите со години биле предупредувани за вакво сценарио во случај на големи води и оштетување на главниот прелив, но за тоа се молчело сè додека водата "не дошла до грло". Дури и кога се појавил кратер на браната, населението било уверувано дека нема причини за страв.


"Oroville Mercury Herrald" пишува дека уште пред 12 години федералните и државните власти, и некои од најголемите агенции задолжени за вода, ги отфрлиле предупредувањата од три организации за заштита на околината.
Во нив властите биле предупредени дека помошниот преливник на веќе старата брана треба да биде зајакнат со бетон, а не водата да се испушта низ донекаде регулираниот терен на брдото на источната страна на браната.
Thousands evacuate as  spillway expected to fail. But nothing on @CNN about that just some crap about the 

Групите предупредиле дека браната, чиј сопственик е државата Калифорнија, не ги задоволува безбедносните стандарди, и дека во случај на екстремни дождови и поплави огромна количина на вода од езерото ќе го преплави и оштети главниот преливник, по што ќе се испушта низ помошниот преливник. Тоа би можело да предизвика голема ерозија на земјиштето и во градовите и местата во текот на реката.

No comments

Powered by Blogger.