Меланија исчезна: Првата дама никој не ја видел веќе 12 дена


Од доаѓањето на претседателот Доналд Трамп, западното крило на Белата куќа е непресшен извор на вести, но источното крило, наменето за Првата дама, буквално е во мрак.

Поминаа 12 дена откако јавноста последен пат ја виде Меланија Трамп, која планирала да го подели своето време помеѓу Вашингтон и Њујорк, каде што нивниот син Барон ја завршува учебната година.

Меланија последен пат во јавноста се појави на 21 јануари, кога присуствуваше на пост – инаугурациската молитва во Националната катедрала во Вашингтон. Следните денови, на 12-годишнината од бракот на претседателскиот пар, Меланија се вратила во Њујорк.

„Првата дама им се заблагодарува на сите за прекрасното добредојде во Вашингон. Таа се враќа во Њујорк поради училиштето на Барон и во наредната недела половина од времето ќе биде во Вашингтон, а половина во Њујорк“, рекла портпаролката на Меланија.


Таа оттогаш не се вратила во американскиот главен град, пишува CNN. И покрај разните гласини, портпаролката ги демантирала гласините дека Меланија повеќе воопшто нема да се врати во Вашингтон и го најавила нејзиното целосно преселување на крајот од учебната година.

„Госпоѓа Трамп е почестена што може да ѝ служи на земјата и да учествува во активностите на Првата дама, кои се многу сериозни. Кратко време помина од инаугурацијата, а таа ќе ја исполни својата улога прагматично и на уникатен начин, својствен за неа“, изјавила советничката на Меланија, Стефани Винстон Волкоф.

Засега, без активната Прва дама, типичните должности во тој дел од Белата куќа мируваат и на единственото место каде што се гледа некоја активност е најавата за вработување персонал од страна на Доналд Трамп, додека Меланија сè уште не ја прифатила таа работа. Меланија сè уште го нема најавено вообичаениот „друштвен распоред на настани“, како ни „Вашингтонскиот календар“.

Во понеделник навечер, папараците ја фатиле новата Прва дама како извршува разни задачи во Њујорк во придружба на нејзиниот син. И за време на предизборната кампања, Меланија ретко и дозирано се појавуваше покрај сопругот.

No comments

Powered by Blogger.