Во Карпош дури 1.106 µg/m³ ПМ10 честички во воздухот!

Ако излегувате вечерва внимавајте да не се загубите во маглата, или пак што е поверојатно да не се загушите од загадувањето што се крие во неа. Зборот воздух намерно го испуштивме од реченицава, бидејќи за загадување на воздухот не можеме да зборуваме кога надвор нема воздух - она малку што останало во маглата е контаминирано со енормни концентрации на суспендирани ПМ10 честички кои во моментов изнесуваат во центарот на Скопје 421,58 µg/m³, во Гази Баба 618,43, во Карпош дури 1.105,87, во Лисиче 667,05, кај ректоратот 803,97 а во Миладиновци 292,40 µg/m³.

Дека максимално дозволениот лимит кој се смета за праг на алармирање изнесува 50 µg/m³ не треба да ве потсетуваме.

Слично но не до толку е и во западниот дел на Македонија. Таму концентрацијата на споменатите штетни честички изнесува во Битола 110,73 односно 376,16 µg/m³, во Кичево 210,13, во Лазарополе само 4,50 а во Тетово 560,91 µg/m³. И на исток ништо ново - загадувањето сп ПМ10 честички во Велес се искачи на 208,21 µg/m³, во Кочани на 174,97, во Кавадарци на 207,66 а во Куманово на 578,99 µg/m³. Значи, ако излегувате вечерва…

No comments

Powered by Blogger.