Ова се најопасните деца во светот: Некои имале само 10 години, а веќе биле убијци


Иако од децата не се очекува да направат било што лошо, а не пак да убијат, овие случаи покажале дека, за жал, и тоа е можно.

Кит Ранудулик Овој тинејџер од Чикаго кога имал 19 години ѝ рекол на својата мајка дека сака да купи пиштол за да ја заштити својата сестра од роднината кој ја малтретирал. Мајката одбила, а тој некое време подоцна ја одвел 4-годишната сестра во подрумот и ја убил за да ја „спаси“.

Џон Венеблс и Роберт Томпсон 



И двајцата во 1993 година имале по 10 години, кога намамиле едно двегодишно момче и го одвоиле од неговата мајка во трговски центар. Два дена подоцна, неговото осакатено тело било пронајдено на шини.

Џесмин Ричардсон 



12 – годишната Џесмин разговарала за убиство на семејството со своето 23 – годишно момче. На 23 април 2006 година таа ги убила своите родители и братот и тврдела дека тоа го направила во „зомби состојба“.

Браќата Бевер 


Во јули 2015 година, браќата Роберт (18) и Мајкл (16) не само што ги убиле членовите на семејството (мајката, таткото и три деца), туку планирале и серија други убиства за да станат славни. Нападот за убиство го преживеала само едната сестра.

Девојката А 

На први јуни 2004 година, девојката А ја убила својата соученичка во Јапонија, Сатоми Мзитараи (12). Девојчето убиец ја намамило жртвата во празна училница, а после убиството се вратило на час. Девојката А тврдела дека ја убила Сатоми поради коментари за нејзината тежина.

Ерика де Нардо 


Семејството Де Нардо живеело во добро соседство во еден италијански град. Тие го имале синот Џанлука (11) и ќерката Ерика (16) кои наводно добро се согласувале. Но, Ерика имала проблеми со дрогата и го мразела своето семејство. На 21-ви февруари 2001 година заедно со нејзиното момче ги убиле нејзиниот брат и мајката откако ги избоделе повеќе од 100 пати. Полицијата прво мислела дека се работи за грабеж, но потоа тие се фалеле со убиството. Ерика добила 16 години затвор.

Браќата Томсон 



Брачниот пар Томсон во 2001 година одлучил да појде на пица, а дома ги оставиле трите мали деца. Двајцата близнаци ја ставиле својата помала сестра во рерна и таа починала во неа поради изгореници. Против децата не е поднесена пријава, но им биле одземени на родителите.

Џордан Браун 



Џордан живеел со неговиот татко во Пенсилванија, заедно со маќеата и нејзините две ќерки. Маќеата била во деветтиот месец од бременоста кога била застрелана во главата со сачмарка. Џордан тврдел дека бил љубоморен на својот нероден брат.

Кристијан Фернандез 

Во март 2011 година, тогаш 12 – годишниот Кристијан Фернандез, останал дома со својот две години помлад брат додека нивната мајка не била тука. Кристијан го убил својот брат, а во 2013 година бил осуден за убиство со предумисла, бидејќи се дознало за неговото тешко детство.

No comments

Powered by Blogger.