По 10 години брак Бен Афлек и Џенифер Гарнер дефинитивно се разведуваат



По десет години брак и две години посебен живот, холивудската актерка Џенифер Гарнер одлучи да стави точка на врската со Бен Афлек и му ги предаде документите за развод, пренесуваат американските таблоиди.

Афлек се отселил од заедничкиот дом во Брентвуд, но грижата за нивните три дечиња и понатаму останува негов приоритет, пишува "US Weekly".

Иако многуте фанови на популарниот пар очекуваа Афлек и Гарнер на крај да се смират, но по се изгледа дека љубовта која и понатаму ја чувствуваат еден кон друг не била доволна за да го спасат бракот.


"Тој е љубовта на мојот живот. Тој е еден од најбрилијантните личности, харизматичен и благодарен. Но тој е и многу комплициран човек. Секогаш велев дека кога неговото сонце сјаје врз вас, нема поубаво чувство на светот, но кога тоа сјаје некаде на друго место, многу е ладно. Тој може да фрли голема сенка врз вас", изјави Гарнер.


Инаку, познатиот пар беа во брак 10 години, а пред две години медиумите започнаа да пишуваат дека Афлек ја оставил својата сопруга за Маргот Роби, а Гарнер започнала врска со Патрик Демпси. Сепак овие наводи не се потврдени.



No comments

Powered by Blogger.