100 лица починаа во крвопролевање во Бразил: Армијата испраќа тенкови и авијација


Бразилската војска денес објави дека испраќа елитни војници и воена авијација во државата Еспирито Санто, каде што повеќе од 100 луѓе се убиени откако полицијата почна штрајк поради ниските плати.

Дополнителни засилувања пристигнаа во оваа југоисточна земја каде претходно оваа недела веќе беа испратени 1.200 војници по хаосот кој настанал поради штрајкот.

"Одлучив да испратам засилување кое вклучува падобранци, оклопни возила и воена авијација", изјави командантот на Бразилската армија, генерал Вилас Боас.



Училиштата, приватните бизниси и јавниот транспорт се во застој откако шестдневниот штрајк од страна на полицијата во бразилската држава Еспирито Санто не покажува знаци на намалување.



Хаос и анархија поттикнати од штрајкот продолжуваат во крајбрежната држава во северниот дел на Рио де Жанеиро, и покрај распоредувањето на 1.200 војници како и федералната полиција и ветувањето дека повеќе помош е на пат.






Владата на државата не го објави официјалниот број на убиства откако полицијата излезе на штрајк во саботата за подобри плати, но портпаролот на синдикатот на полицијата изјави рано во четвртокот дека се регистрирани 101 убиства од саботата.



Тоа е повеќе од шест пати од просечната дневна стапка на убиства во државата во споредба со податоците од минатата година.







No comments

Powered by Blogger.