10 најочекувани филмови во 2017 година

Не сакаме да звучиме премногу оптимистично, но 2017 година ветува да биде една од најдобрите во последните неколку години, кога станува збор за одлични филмови. Иако се чини дека повеќето од нив се продолженија, продолженија и... уште продолженија, секој од овие филмови ветува голема забава. Освен тоа, кој не сака добро продолжение на омилениот филм?

John Wick: Chapter 2



Првиот филм за Џон Вик беше вистинско откритие за нас – како да дојде од никаде и ни покажа на сите како се прави акционен филм. По фантастичниот успех на првиот дел, ни пристигнува продолжение во кое Џон Вик ќе ги убие сите. Ќе биде спектакуларно!

Alien: Covenant


„Alien” конечно им се враќа на своите корени после филмовите за кои ќе се преправаме дека не постојат (Alien vs Predator 1 и 2). Сега тука повторно ќе биде Ридли Скот, режисерот кој ја започна целата франшиза. Очекуваме филм кој ќе биде мешавина на најдобрите филмови за „Alien“ (значи малку акција, малку хорор, малку фиолозфија).

Thor: Ragnarok




„Thor“ никогаш не беше самостоен хит, иако претходните два дела беа сосема добри филмови. Овој пат Марвел се потрудил ништо да не препушти на случајноста, па полубогот го здружил со Хулк и Доктор Стрејнџ. Ова е фантастична комбинација бидејќи Хулк сам по себе никогаш нема да добие свој филм бидејќи претходните беа лоши, а пред се` затоа што „Universal“ ги има правата на неговите соло филмови.

Kong: Skull Island



Мораме да признаеме дека бевме прилично скептични кога беше најавен новиот Кинг Конг филм. Претходниот не беше лош, но не ни пружи ништо ново и беше вистинско прашање што може да биде поинакво во новиот дел. Тоа очигледно го размислувале и продуцентите на новиот филм, па дејствието се случува во 70-тите години на минатиот век на остров каде што Конг е апсолутен господар. И со оваа приказна бевме скептични, додека не го видовме трејлерот. А, сега, едвај чекаме да го погледнеме филмот!

Guardians of the Galaxy Vol. 2



Она што најмногу не` радува е тоа што целиот тим е заедно и што е задржана атмосферата од првиот дел. Овој филм е главниот кандидат за најдобар филм во годината.

The Fate of the Furious



Ако ја сакате автомобилската акција со Вин Дизел, тогаш веројатно се расплакавте од среќа кога конечно стигна првиот трејлер за новото продолжение. Во тимот се приклучува и Шарлиз Терон, што е можеби уште една причина за да го погледнеме новото продолжение во можеби најпопуларната акциона франшиза во светот.

Spider-Man: Homecoming




„The Amazing Spider-Man“ не беше добро прифатен кај публиката, па Ендру Гарфилд добил благодарница после два филма. Единственото нешто што тогаш им останало на „Сони“ за да ја спасат својата лиценца било да се договорат со Марвел. Така го добивме Spider-Man кој не` воодушеви во Civil War и со тоа стекна кредит за нов самостоен филм, пишува порталот Adria.ign.com.

Blade Runner 2049



Харисон Форд одлучил да игра во продолженијата на сите свои легендарни филмови пред да замине во пензија. Тоа значи дека, на општо воодушевување, ќе го гледаме во новиот „Blade Runner“.

War for the Planet of the Apes



Поради првиот и вториот дел кои беа фанстастични, со право очекуваме уште еден триумф на рестартирањето на „Планетата на мајмуните“!

Logan




Трејлерот за филмот во кој Хју Џекмен (наводно) за последен пат ќе го глуми Логан, ветува дека нема да бидеме разочарани.

No comments

Powered by Blogger.