Ед Ширан учи како да се боксува во новиот спот за 'Shape of You'


Ед Ширан го сподели видео спотот за неговиот најнов comeback сингл 'Shape Of You'.

Во новото видео Ширан учи како да се боксува и започнува нова врска, пред да биде изненаден кога ќе влезе во рингот. Гледајте го подоле.



Пејачот се врати на сцената месец после три години пауза со двете нови песни, 'Shape Of You' и 'Castle On The Hill'. Песните досега ги рушеја рекордите на топ листите влегувајќи како број еден и број два во истата недела. Тогаш го најави и својот нов албум "÷’, кој гласи "Поделено".

Тој веќе сподели носталгично видео за 'Castle On The Hill', снимено во неговиот роден град, 
Фрамлингем во Суфолк.

No comments

Powered by Blogger.