Земјата се отворила: Џиновска пукнатина откриена во Аризона

Американските геолози откриле огромна, повеќе од 3 километри долга пукнатина во земјата, во сојузната држава Аризона.

Пукнатината била откриена во пустина благодарение на дрон, на кој убаво се гледа дека ширината на дупката на некои места е доста голема.

Научниците наведуваат дека пукнатината настанала во 2013-тата година, меѓутоа нагло се зголемила и проширила поради обилните врнежи кои се случиле минатите години.



Локалната геолошка служба ги предупредила фармерите од опасноста и апелирала да се воздржат од водење на стока на пасење во тој дел од државата.







No comments

Powered by Blogger.