„Индипендент“: Убиена осумгодишна Американка во напад нарачан од Трамп


На Интернет се објавени фотографии од осумгодишната Американка која, наводно, е една од бројните цивили убиени во Јемен во првата воена акција овластена од страна на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Како што соопштува „Индипендент“, американските сили во неделата ја нападнаа базата на Ал Каеда во централниот дел на Јемен.
Пентагон потврди дека во нападот загинаа 14 борци на групата и еден американски маринец, а тројца се повредени.
Министерството за одбрана на САД идентификуваше еден од убиените маринци, Вилијам Рајан Овенс.

Американските власти не ги потврдија, ниту ги негираа извештаите на медицинскиот персонал и локалните медиуми, според кои 30 жени и деца беа убиени во нападот.

Меѓу убиените, наводно, е и осумгодишната Навар Ал-Авлаки, позната како Нора, ќерка на американскиот државјанин и лидерот на Ал Каеда, Анвар ал-Авлаки, кој беше убиен во напад од американски дронови во Јемен во 2011 година.
Шестаесетгодишниот син на Ал-Авлаки, Абдулрахман, исто така роден во САД, беше убиен во втор напад истата година во Јемен.

No comments

Powered by Blogger.