Филмаџиите го прогласија „Ла ла ленд“ за најдобар филм

Хит мјузиклот “Ла Ла Ленд” ја освои наградата за најдобар филм на годината на еснафот на филмаџиите.Церемонијата на доделување награди се одржа синоќа во Лос Анџелес. Мјузиклот е номиниран и за “Оскар” за најдобар филм, најдобар режисер, како и за главните улоги на Рајан Гослинг и Ема Стоун.Наградите ќе бидат доделени на крајот на следниот месец.

Експертите во областа на кинематографската уметност сепак уште отсега предвидуваат дека романтично-музичкиот филм на Демијан Чазел ќе триумфира на овогодинешната церемонија.

Особено со оглед на фактот дека претходно овој месец магичниот мјузикл го подобри рекордот за најмногу грабнати признанија на наградите “Златен глобус”.Екипата на филмот прибра цели 7 одликувања.

Другите главни претенденти за кино наградите се “Месечината” (на Бари Џенкинс) и “Манчестер до морето” (на Кенет Лонрган).

Покрај нив за победа ќе се борат и научнофантастичниот трилер “Прв контакт”, воениот “Приговор по совест”, семејната драма “Лав” и биографски “Скриени броеви”.

“Ла Ла Ленд” ја раскажува приказната за љубовта меѓу џез пијанист и млада актерка. На церемонијата на доделувањето присуствуваше пејачот и композитор Џон Леџенд кој игра улога во филмот. Тој го користи центарот на вниманието, повикувајќи го Холивуд да се крене против имиграциската политика на Доналд Трамп.

No comments

Powered by Blogger.