Крадецот открива: „Вака ни помогна Ким да ја ограбиме“


Крадецот познат како Олд Омар на полицијата и’ откри нови детали од грабежот во апартманот на американската старлета Ким кардаијан. Имено, се шпекулираше дека Ким нема да го добие назад само прстенот со дијамант, но по новите детали до кои дошла истрагата, сигурно е дека и судбината на преостанатите парчиња накит е засекогаш запечатена.

„За да се осигуриме дека никој нема да го најде, одлучивме да го истопиме“, изјавил Олд Омар. Тој тврди дека свршеничкиот прстен останал недопрен, но тоа не значи дека Ким Кардашијан ќе дојде до него. Ѕвездата на реалните шоуа раскажа во полиција дека крадците биле насилни, меѓутоа Олд Омар тврди дека не употребиле оружје.

„Само ја врзавме. Не сакавме да вадиме оружје пред жена“, раскажал крадецот.

„Планирањето на грабежот беше едноставно затоа што Ким на социјалните мрежи откриваше каде се наоѓа, фалејќи им се на обожавателите со нактот што го поседува“, заклучува Омар.

Поради грабежот, уапсени се девет мажи и една жена. Ким не сака да се појави на судењето, а нејзиниот сопруг Канје Вест сака да се соочи со крадците.

„Канје сака да види како изгледаат. Има многу нешта да им каже, многу е бесен на нив. Дефинитвно планира да дојде во Париз на почеток на судењето“, велат неговите пријатели.

No comments

Powered by Blogger.