Нов спектакуларен проект – каде ако не во Дубаи?


Иако Дубаи е и самиот по себе веќе сега гламурозен, оваа дестинација никако не престанува со својот развој.

Дубаи е всушност едно место каде што постојано се одвива некаква акција, барем кога говориме за инфраструктурата. И после релативно досадните години, крановите повторно се вратија во Дубаи, а новите проекти коишто се најавени го воодушевија целиот свет.



Токму еден од тие проекти особено го привлече и нашето внимание, а истиот посебно ќе ги израдува сите јубители на јахтингот – во Дубаи се гради нова марина, којашто ќе биде најголема во MENA регионот, а ќе има можност да прими и до 1.400 бродови!



Оваа марина претставува еден дел од Dubai Harbour проектот којшто го развива компанијата Meraas Holding. Главен елемент на целиот проект е светилникот којшто во својот врв ќе добие луксузен хотел и уникатен видиковец. А самото пристаниште ќе добие огромен терминал за крузери, како и забавен и продажен простор, јахтинг клуб, трговски центар, хотели и резиденции.




Новата марина ќе се наоѓа во делот Mina Seyahi, помеѓу Jumeirah Beach Residence и Palm Jumeirah. Во тек се преговори со сите поголеми крузерски и авио компании, како што е Emirates Airlines, како би се создала подобра поврзаност на овој емират со остатокот од светот.
Во план е и изградба на трамвајски и метро станици, како и мост којшто ќе ги поврзува новата марина и Palm Jumeirah, вештачкиот остров во облик на палма.

No comments

Powered by Blogger.