Студентка од Франција - мис Универзум


Ирис Митнаер од францускиот град Лил, рече дека сака да ја „поддржи стоматологијата и оралната хигиена“ додека ја има оваа титула

Ирис Митнаер од Франција, 23-годишна студенка по стоматологија, победи на годинешниот натпревар мис Универзум, кој се одржа во Манила, Филипните, а на кој учествуваа уште 85 други девојки.

„Ја допирам круната и не верувам дека јас ја освоив. Ова беше големо изненадување. Секој чекор беше изненадување. Горда сум и се чувствувам благословена“, изјави Митнаер.

Митнаер, која потекнува од францускиот град Лил, рече дека би сакала да ја „поддржи оралната хигиена“ додека ја има оваа титула.

За прва придружничка е избрана 25-годишната Ракел Пелиси од Хаити, а втора е Андреа Товар од Колумбија.

No comments

Powered by Blogger.