Со каква иновативна технологија беспрекорно функционира најдолгиот тунел на светот во Швајцарија?

Тунелот Gotthard Base Tunnel во Швaјцарија, најдолгиот железнички тунел во светот кој беше пуштен во употреба во јуни минатата година, не е само голем инженерски потфат туку е еден од првите глобални инженерски проекти кои имаат имплементирано напредна IoT технологија за трансформирање на основните услуги. Со помош на мрежно поврзани IoT уреди се осигурува безбедноста на патниците и возилата 24/7 во една средина со најголеми оперативни предизвици.

Низ овој тунел ќе поминуваат околу 9.000 патници дневно преку Алпите со 250 километри на час и околу 260 товарни возови, што е многу повеќе отколку претходно. Кога ќе се земат предвид и сите странични вклучувања и крстосници, станува збор за околу 152 километри пат кој треба да се конектира и да се обезбеди. Тука мора да има навистина добра IP мрежа по целата должина. Дури и најмал прекин во мрежата преку неефикасен трансфер на податоци ќе резултира со застој, па дури и загрозување на безбедноста на патниците и работниците.

Голем дел од технологијата е автоматизирана. Тоа значи дека е потребна навистина стабилна мрежа за проток на оперативни податоци до и од тунелот.


Една IoT средина се потпира на комуникација во реално време меѓу IP уредите за да се пренесуваат oперативни податоци и на операторите во тунелот да им се обезбедат потребни информации за сите системи да функционираат добро и безбедно во тунелот.

Вратите се само еден пример за тоа. Доколку една од вратите кои водат до сервисните простории или до некој влез во тунелот се отворени, притисокот кој го креира еден воз со огромна брзина е доволно висок за да предизвика значителна физичка штета на системите во тунелот. IoT конектираните монитори во тунелите ги следат вратите 24/7 и автоматски испраќаат тревоги до контролната соба доколку вратите не се безбедно затворени.



Во двата паралелни тунели има посебни мрежи кои имаат за цел да ги поврзат IP точките и целата инфраструктура и пренесуваат информации до операторите во контролните центри. Тоа значи дека овие мрежи обезбедуваат непрекинат сообраќај и никакви грешки во комуникацијата.
Делови од тунелот се сложени и многу мрежни компоненти мора да функционираат сред тунелите подолг период. Локацијата не е проблем туку температурата.

Делови од тунелот имаат температура од 40 степени Целизусови и дури 70% влажност на воздухот, што е далеку од идеални услови за таква технологија. Друг проблем е прашината. Дури и во нормални услови прашината и ситните честички во воздухот можат да предизвикаат проблеми, а во еден тунел се испушта и метелна прашина од шините.


Сето тоа заедно со вибрациите придонесува за побрзо оштетување на технологијата. Токму затоа сите компоненти во тунелот Gotthard Tunnel се посебно дизајнирани и зајакнати за постојана и безбедна мрежа.

Инженерите од Alpiq InTec имаат поставено 450 Alcatel-Lucent OmniSwitch® 6855 ЛАН приклучоци за да се креира основата на мрежата во тунелот. Кога се инсталираат такви елементи на 2,3 километри под земја тие треба да бараат мало одржување. Поставените приклучоци во тунелот користат посебно разладување без отвори со што се минимизира опасноста метални честички да влезат внатре и да ги уништат компонентите.

No comments

Powered by Blogger.