Ако оваа мигрантка не можела да влезе во Америка, Трамп денес не би бил Американец


Како и таткото на Барак Обама, мајката на Трамп била мигрантка. Новиот претседател на Америка не пропушташе прилика за време на својата кампања да ги критикува мигрантите, да повикува на забрана за доаѓање, а сега конечно и донесе решение за забрана за влез во САД. Она што пропуштил да го спомне е дека неговите корени се далеку од Америка.

Во далечната 1929 година, 17-годишна девојка од Шкотска се качила на брод во потрага по нов свет и подобра иднина. Мери Ен Меклауд била родена на Надворешните Хебриди, архипелаг северозападно од брегот на Шкотска. Мери подоцна го променила презимето во Трамп, кое денес речиси сите го споменуваат и непрестано е во центарот на вниманието на јавноста.



Откако мајката на Доналд се преселила во Њујорк на крајот од 90-тите години, го запознала Фредерик Трамп, кој бил градежник и веќе на крајот од 90-тите години им продавал евтини семејни куќи на луѓето.

После Втората светска војна, богатството на Фред растело поради вистинскиот градежен бум. Се` повеќе луѓе купувале се` повеќе недвижнини и неговиот бизнис цветал. Како што растело неговото богатство, така и Мери живеела се` полуксузно.



Додека во 30-тите години патувала со најевтин превоз, во четириесеттите години патувала на Бахамите. Станала познато лице во њујоршките кругови и работела во многу добротворни организации.

Мери оставила голема трага во Њујорк, а уште поголема на нејзиниот син Доналд.

„Еден од проблемите со жените во мојот живот е тоа што морам да ги споредувам со мојата неверојатна мајка, која е паметна како самиот ѓавол“, напишал Доналд во книгата "Thе Art of the Comeback".



Мајката на Доналд Трамп починала во Њујорк во 2000 година, само една година по смртта на сопругот Фред. Доналд после нејзината смрт имал турбулентни односи со нејзината татковина. Му била укината почесната диплома од Универзитетот во Абардин, се зборува дека одржувањето на престижен турнир во голф ги заобиколува неговите терени во Шкотска, а сето тоа се случувало пред да стане претседател на САД.

И по таткова страна е со мигрантско потекло

Доналд не е со мигрантско потекло само по неговата мајка. Неговиот дедо, таткото на неговиот татко, исто така бил роден далеку од Америка, во Германија. Името Фридрих го променил во Фредерик и одлучил да се занимава со угостителство, но бизнисот кој го започнал всушност бил салон за проституција. Работата цветала, па и Фридрих го ширел својот бизнис. Меѓутоа, таткото на Доналд, синот на Фридрих, подоцна се одлучил да поинаков пристап кон бизнисот.



За разлика од таткото кој својата бизнис империја ја градел на салони за проституција, Фред Трамп се занимавал со изградба на недвижнини, и тоа соработувајќи со државата.

No comments

Powered by Blogger.