Колку и како заработува една од најпознатите светските старлети?

Kендал Џенер, една од сестрите Кардашијан, во последниот период е многу актуелна со својата кариера како модел, а постојано ја зголемува својата популарност.


Еден од нејзините најголеми успеси е модната ревија за Victoria's Secret во ноември минатата година, а по таа ревија таа се искачи на третото место на листата на Forbes zа најплатените модели за 2016 година. До таа позиција стигна со заработката од 36,6 милиони долари во текот на минатата година.

За секоја епизода од ријалити серијалот Keeping Up With The Kardashians, Кендал добива по 5.000 долари. Манекенската кариера и носи големи приходи, а со нејзината сестра имаат сопствен бренд за облека и модни додатоци Kendall & Kylie.

Кендал има и сопствена апликација која стана популарна во светот, а само таа и донесе 5 милиони долари.

Голем профит остварува и од споделувањето постови на социјалните мрежи. За само еден објавен пост на Facebook или Twitter таа заработува до 50.000 долари, додека објавите на Instagram може да и донесат до 300.000 долари.

No comments

Powered by Blogger.