Трамп ја смени државната обвинителка поради непослушност


Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа ги смени од функцијата државната обвинителка и началникот на царинската служба за емиграција поради одбивање да ја спроведат неговата наредба за емиграција.

Сели Јејтс која остана на функцијата државен обвинител како кадар од Обама се додека Конгресот не го потврди изборот на Џеф Сешнс, кој е кандидат на Трамп, напишала писмо во кое како шеф на сите државни обвинители и раководители во Министерството за правда објавува дека оваа институција нема наера да ја спроведува указот на Трамп.

Од Белата куќа веднаш пристигна одговор со кој таа е сменета од функцијата и на неизно место привремено е поставен Дејна Бенте.

Во соопштението до медиумите се наведува дека Јејст „го предала Министерството за правда бидејќи одбила примена на оваа наредба која има за цел заштита на граѓаните на САД“. Исто така во соопштението се наведува дека Јејст е „слаба по прашањето на границите и многу слаба кога станува збор за илегалната миграција“.

Бенте кој е обвинител од источниот округ на Вирџинија вети дека ќе ја брани контроверзната одлука за забрана на влез во САД на државјани од седум претежно муслимански држави.

Тужба за Трамп

Јавниот обвинител на државата Вашинготн Боб Фергусон најави дека ќе го тужи претседателот Трамп.

Тој е еден од 16 обвинители од американските сојузни држави кои објавија соопштение во кое наредбата на Трамп ја нарекуваат „немаериканска и незаконска“.

Неколку американски дипломати користејчи ги дипломатските канали изразија несогласување со оваа наредба, но Белата куќа им порача или да ја почитуваат наредбата или ќе бидат разрешени.

Уредбата на Трамп со која на 90 дена се забранува влез во СА на државјаните на Ирак, Иран, Јемен, Сирија, Либија и Сомалија предизвика масовни протести и осуди во САД и во светот.

Американскиот претседател смета дека со неа како и со забраната за спроведување на програмата на САД за прием на бегалци на 120 дена, ја штити државата од напади од екстремисти.

No comments

Powered by Blogger.