Седум лекции кои младите претприемачи можат да ги научат од Илон Маск

Илон Маск е меѓу најуспешните претприемачи кои се појавуваат секојдневно во вестите и имаат огромно влијание врз најновите технолошки трендови. Постојат многу лекции за успех кои можат да се научат од Илон Маск, особено за младите претприемачи. Еве неколку од нив


Илон Маск е меѓу најуспешните претприемачи кои се појавуваат секојдневно во вестите и имаат огромно влијание врз најновите технолошки трендови. Ако еден ден слушнете за Илон Маск во вести поврзани со неговата компанија Tesla Motors, наредниот ден ќе видете како ги слави успесите на другата своја компанија SpaceX. Секако претприемачот Маск не го постигнал овој успех сосема лесно. Пред само неколку години тој се соочуваше со проблеми како во приватниот така и во професионалниот живот, беше со празни раце и со нула на контото на банкарската сметка. Постојат многу лекции за успех кои можат да се научат од Илон Маск, особено за младите претприемачи.

Верувајте им на своите идеи


Првиот стартап кој го започна Илон Маск беше за веб рецензии на локали наречен Zip2. Нешто слично како Yelp, но во период кога Интернетот не беше толку популарен. Никој не бил заинтересиран за партнерство кога Маск заедно со својот брат се обратиле до неколку сопственици на локали, но тие верувале во својата идеја, ја развиле и на крајот ја продале на Compaq за 407 милиони долари. Илон бил толку опседнат со својата идеја и со работата за да ја оствари што постојано заспивал на своето биро во канцеларијата, па останатите инженери го буделе секое утро кога доаѓале на работа.

Започнете рано и бидете агресивни


Откако го започнал стартапот Zip2, Маск се поинтензивно размислувал за интернет-банкарството и секојдневната негова употреба. Размислувал дури и да отвори онлајн банка која евентуално би „владеела со сите банки“. Со парите кои ги добил од продажбата на Zip2 тој започнал компанија за онлајн трансакции, но бидејќи немал доволно познавања од областа на финансиите, тој се здружил со луѓе кои имаат солидни знаења од областа, па заедно станаа основачи на X.com што подоцна се трансформираше во PayPal.

Секогаш завршувајте си ја домашната задача

Илон Маск е на второ место по Стив Џобс според влијанието кое го има извршено врз различни индустрии и сектори. Ќе прочитате за неколку различни бизнис обиди во неговата биографија: Zip2, PayPal, Tesla and SpaceX. Но, што е причината за неговиот успех? Тој секогаш е подготвен и секогаш доаѓа со завршена домашна задача.

Кога Маск влезе во вселенската индустрија и индустријата за аеронаутика, многу индустриски гиганти сметаа дека тој е само уште еден милионер кој троши добри пари на некое свое хоби, а на крајот никогаш не успева. Но, Илон Маск покажа дека е различен. Не само што навлезе во индустријата со целосна подготвеност, тој имаше и јасно дефинирана цел. Моментално тој ги редефинира стандардите во оваа индустрија.

Ангажирајте свежи таленти и верувајте им

Постојано има вести за големи вработувања во различни индустрии додека Илон го гради својот тим за SpaceX и Tesla Motors исклучиво од млади таленти, а за да ги вработи младите и свежи таленти тој воопшто не се колеба ниту да ги побара на телефон лично. Иако неискусниот тим е повеќе подложен на грешки, тој се уште може да произведе одлични резултати со енергијата која ја поседува и динамичното лидерство.

Но, ова најверојатно е возможно само во случај кога сте подготвени да водите ваков тим. Според колега на Маск од неговите почетоци, кога тимот останувал да работи по 20 часа, Илон останувал 23 часа.

Променете ги конвенционалните начини на работа

Вселенската индустрија и индустријата за аеронаутика ги следеа (и уште ги следат) старите начини на работа. Кога Илон Маск влезе во вселенската индустрија, еден од најголемите предизвици за SpaceX беше да предизвика голема компанија како Boeing.

SpaceX ја презентираше идејата за ракети за реупотреба, а нивниот последен и успешен обид за приземјување на ракета е огромен чекор во индустријата. Овие стратегии кои ги кратат трошоците станаа голем плус со кој SpaceX може да им конкурира на гигантите во индустријата за првпат, па дури ги разгледува и можностите за нискобуџетни комерцијални летови во вселената.

Борете се, борете се, и борете се уште повеќе

Илон Маск е борец кој се враќа во игра навистина брзо. Кога компанијата X.com беше во неволја, некои од луѓето во компанијата го убедија одборот на директори да го отстранат Маск од позицијата извршен директор. Маск ги добил овие вести додека бил на меден месец и тоа девет месеци после стапувањето во брак. Се вратил назад со првиот лет за да се соочи со ситуацијата.

На сличен начин кога Tesla Motors не успеа да го оствари производството во дадениот рок за својот прв Tesla Roadster, а компанијата дојде на работ на банкрот, еден од директорите одбил да се согласи за понатамошно финансирање на производството да предизвика неуспех за Илон Маск и да му го преземе местото. Но, Илон се борел самоуверено, целиот ризик го пренел на хипотеките и успеал да избегне банкрот.

Во оваа борба за опстанок, Илон се разболел сериозно и бил отсутен неколку месеци. Ова е навистина големо загрижување за еден претприемач и со цел да го одржи своето здравје тој треба да внесува мали работи во својата рутината како користење на фитнес тракери кои ќе го следат здравјето и состојбата на телото.

Уживајте во животот, славете ги успесите

И покрај набиената агенда, Илон Маск секогаш наоѓа време за да ужива во животот. Кога го добил својот дел од продажбата на првиот стартап, тој купил стан и веднаш се преселил од куќата во која живеел со тројца други луѓе. Исто така купил и McLaren за 1 милион долари (кои тогаш ги имало само 62 во светот), a CNN направи документарец за доставата на автомобилот до неговиот дом.

No comments

Powered by Blogger.