Момент пред смртта снимила видео: Нејзиниот авион паднал - 60.000 луѓе го гледале падот во живо

30-годишниот модел Енда Какравати и нејзиното момче, 52-годишниот Питер Линч, загинале во пад на авион на Денот на Австралија. Енда последните моменти од животот ги објавила на социјалните мрежи, па така многумина можеле да ја гледаат нејзината смрт во живо.

Со авионот пилотирал Питер, а леталото паднало во реката. Падот го виделе повеќе од 60.000 гледачи, кои се собрале за да го гледаат традиционалниот огномет. Енда и нејзиното момче биле учесници на манифестацијата која се одржувала во чест на Денот на Австралија.

Неколку моменти пред трагедијата, Енда го поставила видеото на Инстаграм.

"Посакајте ми среќа", рекла Енда, без да помисли што може да се случи.



Питер Линч наводно се разделил со сопругата, со која имал три деца. Енда Какравати последните три години работела како менаџер со Линч, а исто така работела и како модел. Се појавувала и на ТВ реклами во Индонезија.

Погледнете како изгледала несреќата:

No comments

Powered by Blogger.